УХМР со прогноза - ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОНА ШТО СЛЕДУВА УТРЕ

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УХМР со прогноза - ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОНА ШТО СЛЕДУВА УТРЕ

Повеќе места во државата попладнево беа зафатени од невpeме со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Град имаше во светиниколското, кратковското, скопското, валандовското, велешкото и кавадаречкото подрачје.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува и во вечерните часови наместа нecтабилно време со пороен дожд, грмежи и зacилен ветер. Преку ноќта се очекува стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје.

Утре претпладне се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачнocт, додека попладне на повеќе места повторно ќе има нecтабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје слично време со температура од 17 до 31 степени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата