Huawei очекува пад на продажбата на смартфони од 40 проценти

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Huawei очекува пад на продажбата на смартфони од 40 проценти

Информацијата пристигна од директорот на компанијата, кој истакна дека забраната од САД ја погодила кинеската компанија повеќе од очекуваното

Основачот на Huawei, Рен Женгфеи, денеска изјави дека компанијата во оваа година очекува пад на продажбата на мобилни телефони на странските пазари од 40%, што е директна последица на ставањето на кинескиот производител на американската црна листа.

Се очекува дека приходите на Huawei ќе бидат за 30 милијарди помали од она што беше претходно прогнозирано за наредните две години, а ќе изнесуваат вкупно околу 100 милијарди годишно.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец ја стави Huawei на црната листа на компании чии деловни односи со американските партнери се забранети или строго регулирани и контролирани.

Некои од клучните партнери на Huawei, како Google (чиј оперативен систем Android е вграден на сите смартфони на кинеската компанија) или Intel, Qualcomm или Broadcom (производители на процесори кои ги користат смартфоните) сега имаат ограничена соработка со технолошкиот гигант.

Од Huawei истакнуваат дека и покрај лошите односи со САД, не очекуваат американската влада да преземе екстремни мерки против нив, како на пример ограничувања на соработката помеѓу компанијата и американските универзитети.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата