Долгот на Фенербахче надминал 650 милиони долари

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Долгот на Фенербахче надминал 650 милиони долари

Турскиот спортски клуб Фенербахче соопшти дека долгот на клубот изнесува преку 650 милиони долари.

Менаџментот на Фенербахче одржа финансиска пленарна седница на својот матичен стадион „Улкер“ каде соопшти дека долгот на клубот изнесува 661,6 милиони долари.

Во 2017, долгот на спортскиот гигант изнесувал 767 милиони долари.

Според потпретседателот на клубот, Бурхан Карачам, порастот на странските валути наспроти падот на лирата негативно влијае на клубот.

Генерално, Фенербахче своите играчи ги исплаќа во странска валута.

Карачам вели дека дури и најмалата загуба во вреднсота на лирата наспроти странските валути претставува загуби од десетици милиони долари годишно.

Според Карачам, профитот на Фенербахче за 2018 година изнесува 311 милиони долари.

Основан во 1907 година во Истанбул, спортскиот клуб Фенербахче е еден од најголемите клубови во Турција и се натпреварува во повеќе спортови, како фудбал, кошарка и одбојка.

Фенербахче е еден од најпопуларните фудбалски клубови, како што и покажува бројот на фанови на нивниот Инстаграм профил (4,3 милиони) како и Твитер (6,6 милиони).

 

Од Мадрид за „Макфакс“, Кристијан Ландов

Од Мадрид за „Макфакс“, Кристијан Ландов

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата