Еуросупер БС-95 поскапува половина денар

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еуросупер БС-95 поскапува половина денар

Бензинот Еуросупер БС – 95 од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар, додека цените на Еуросупер БС – 98 и на дизелот остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука,  малопродажната цена на Еуросупер БС – 98 останува 69 денари за литар, на дизелот 60 денари за литар, а на Еурпсупер БС – 95 поскапува на  67 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 денари за килограм и новата цена изнесува 33,003 денари.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата