Општина Центар ќе урива нелегални тераси на кафулиња на Партизанска

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина Центар ќе урива нелегални тераси на кафулиња на Партизанска

Општина Центар започна со отстранување на нелегалните тераси на повеќе од 20 угостителски објекти, а, како што информираат од таму, во процедура се и други извршни решенија по кои општината ќе постапува во наредниот период.

„Предмет на отстранување се објектите кај кои е утврдено дека, и покрај немање одобрение за поставување урбана опрема од Град Скопје, истите ја поставиле опремата и направиле тераси со кои бесправно узурпирале јавен простор“, појаснуваат општинските власи.

На листата објекти кај кои Центар во изминатиов период утврдил нерегуларности и согласно тоа следува отстранување на терасите се: Ресторан Гурмет, Кафе бар Паладиум, Кафе бар Кофи Фектори, Гостилница Сушико, Гостилница Лантерн, Ресторан Барака, Кафе Бар Броз Кафе, Гостилница Фрути ди Маре, Кафе Бар Деус, Бистро Правда, Кафе бар Нано бар, Гостилница Бруклински, Гостилница Булевар, Кафе Бар Винил, Кафе бар Џус Бар, Кафе бар локал 45 и Гостилница Сквер.

Наведените објекти доставиле барање до Град Скопје за вршење дејност надвор од својот деловен простор и поставување урбана опрема, но добиле официјално решение од Градот со кое нивното барање се одбива. Но, и покрај тоа, тие постапиле спротивно од решението.

Инспекциските служби од Центар по извршениот увид, им дале на сопствениците решенија за отстранување со можност сами да постопат и да ја отстранат недозволената опрема. Доколку не го сторат тоа во законскот рок, општината со полициска асистенција, ќе го отстрани нелегалниот дел.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата