Во овие денови кога температурите се енормно високи, автобусите на ЈСП се почесто се расипуваат. И денес, иако што се вели ни денов не прекршил, веќе имаме расипано возило.
А минатата недела се случи 2-3 пати само 7-ца да се расипе и граѓаните да останат да чекаат друг автобус или да пешачат.
За ова имаше и бурни реакции по социјалните мрежи каде автобусите на ЈСП се нарекуваа дури и „сауна на четири тркала“ бидејќи немаат ни клима уред на овие високи температури.