Очевидец на трагедијата во Белград раскажува: МАЈКАТА ГО ФРЛИ ДЕТЕТО, ПА ПО НЕКОЛКУ МИНУТИ СКОКНА И ТАА! СТРАШНО

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Очевидец на трагедијата во Белград раскажува: МАЈКАТА ГО ФРЛИ ДЕТЕТО, ПА ПО НЕКОЛКУ МИНУТИ СКОКНА И ТАА! СТРАШНО

„Слушнав тап и силен удар, па излегов на терасата. Тогаш на плочникот го видов дететео, а мајката стоеше на терасата и врескаше. Потоа се врати во станот, па повторно излезе и продолжи да вреска. После неколку минути скокна и таа“, раскажува очевидец на хоророт кој утринава се случи во Белград, на Бежаниска коса. 

Неколку минути откако мајката го фрлила детето, па скокнала и таа од станот почнал да се шири чад.  

Друг комшија кој, исто така, видел што се случува вели дека се обидел да ја убеди мајката да не скока, но не успеал во тоа. 

На местото на несреќата е и сопругот на жената, кого соседите и полицајците се обидуваат да го утешат. Но несреќниот човек е во шок и постојано плаче. Во еден момент морала да интервенира и екипата на Брзата помош. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата