Општина во Република Српска прогласи вонредна состојба поради силно невреме

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина во Република Српска прогласи вонредна состојба поради силно невреме

Во општина Костајница во Република Српска е прогласена вонредна состојба поради силно невреме, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Невремето што ја погодило оваа општина предизвикало значителна материјална штета, од коритата се излеале две локални реки, како и помали потоци кои ги преплавиле градските улици, пренесуваат локалните медиуми.

Шефот на општина Костајница, Драго Бундало, прогласи вонредна состојба, а денес треба да биде назначена комисија за проценка на штетите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата