УЖАСНА ТРАГЕДИЈА: 36 -годишна мајка и ги ПРЕСЕКЛА ВЕНИТЕ на својата 3-годишна ЌЕРКА, па своите! Прво ја ФРЛИЛА ЌЕРКИЧКАТА од четвриот кат, а потоа скокнала и таа

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЖАСНА ТРАГЕДИЈА: 36 -годишна мајка и ги ПРЕСЕКЛА ВЕНИТЕ на својата 3-годишна ЌЕРКА, па своите! Прво ја ФРЛИЛА ЌЕРКИЧКАТА од четвриот кат, а потоа скокнала и таа

Првичните информации дека мајката и ќерката скокнале од станот кој се наоѓа на четвртиот кат во зграда на Бежаниска коса во Белград, заради пожарот кој избил, се покажале неточни.

Всушност сценариото е многу побизарно -  36 -годишна мајка прво и ги пресекла вените на својата 3-годишна ќерка, па потоа и своите! Потоа ја фрлила ќеркичката од четвриот кат, а по неа скокнала и таа.  

Според неофицијални извори на Курир.рс, пожарот кој избил во станот утринава во 8:20, не е причина за скокот. Се сомневаат дека мајката најпрвин и ги пресекла вените на ќерката, па ја фрлила од четвртиот кат, а потоа и самата скокнала. Полицијата испитува и дали жената самата го подметнала пожарот.

Според српските медиуми, досега немало пријави за насилство во ова семејство, а од Итната помош лекарите можеле само да констатираат смрт кај мајката додека девојчето иако давало знаци на живот набрзо им подлегнало на повредите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата