На Шар Планина се одржа првата скајранинг трка

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Шар Планина се одржа првата скајранинг трка

На Шар Планина вчера се одржа планинската трка „Титов Врв Скајрејс“ која воедно претставуваше и прво национално првенство во
скајранинг – екстремна форма на планинско трчање во нашата земја.

Стартот и целта на трката беа на Попова Шапка, а патеката во должина од 20 километри минуваше преку двата највисоки врвови на Шар Планина, Титов Врв 2747 метри надморска височина и Бакардан 2704 метри надморска височина. Учество земаа 50 спортисти, а на подиумот во генерален пласман се искачија: Александар Стојкоски (2:40), Марјан Бонев (2:46), Александар Кирковски
(2:48) во машка конкуренција и Мери Мирческа (3:50), Биљана Кираџиева (4:11), Елена Ртоска (4:53) во женска конкуренција.

Организатори на настанот беа планинарскиот клуб „Македон“ и Федерацијата за планинарски спортови на Македонија. ФПСМ од оваа година е полноправен член на Светската скајранинг федерација и има за цел промоција и развој на оваа млада и светски популарна планинска дисциплина.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата