По огромниот прекин, се врати струјата во Аргентина, Уругвај и Парагвај

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По огромниот прекин, се врати струјата во Аргентина, Уругвај и Парагвај

Поголеми делови од Аргентина, Уругвај и Парагвај повторно добија електрична енергија откако во неделата повеќе десетици милиони луѓе во овие латиноамерикански земји останаа без струја.

Аргентинскиот претседател Маурисио Макри рече дека причината за прекинот каков досега се нема забележано во земјата сè уште е непозната и дека властите работат да ја детектираат истата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата