Мицкоски објави под кои услови ќе коалицира со албанските партии (ВИДЕО)

16.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски објави под кои услови ќе коалицира со албанските партии (ВИДЕО)

На вечерашново обраќање во Македонската филхармонија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потсети дека економската катастрофа се прикрива со вештачки теми, но посебно се осврна на вечната тема за соживотот во Македонија и како лажно се прикажува тој.

Па така ако што лажно се прикажуваа за Европејци, продолжуваат лажно да се прикажуваат за душегрижници за соживот. Нема нема, па ќе им текне да направат некаков договор под радар, како оној што се зборува дека бил направен во Тетово а кој премиерот не го негираше. Па ќе  стане тема пописот кој сакаат да го наместат или промена на изборниот модел, а на крај под прашање ќе се постави и политичкиот карактер на државата. И во тоа ветување Заев само за да си ја осигура фотељата нема мера. И ако може за сето ова да се обвини ВМРО ДПМНЕ дека премногу радикално сме реагирале со неколку етикети попатно. Но овој пат така не може. Ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ќе наседне. Заев не е за никаков соживот. Зошто ако му беа важни другите заедници и му беше важен соживотот ќе изградеше водовод во Арачиново, Училиште во Желино, спортска сала во Куманово и редица други проекти, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, тој нема да практикува да им дава романтичарски ветувања на граѓаните, туку ќе се фокусира на подобрување на животот на граѓаните кои секаде лошо живеат.

И власта во оваа држава не зависи ниту од Али, ниту од Бујар, Села или Гаши, исто како што не зависи ниту од мене или Заев. Туку зависи и од Марко, Идриз, Агим, Стојан, Шпреса, Марија и илјадници други граѓани. Власта зависи од народот кон кој треба да се обврзи и да му ги решиш реалните проблеми. Мојата борба е за подобар стандард и подобар живот. Сите договори со партиите кои ќе ги правам ќе бидат токму на оваа основа, на принципи и вредности. Земјава е уморна од романтизмот и стапиците на власта кои не носат ништо добро, рече тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата