Мицкоски: ВМРО е чуварот на оваа земја

16.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: ВМРО е чуварот на оваа земја

Македонија е жива. Покрај сите бури, сите премрежја, сите пакости кои се случија овие 29 години, Македонија е жива. Тој вулкан на непокорот и најдлабокото чувство кое доаѓа од срцето и кое не прави горди, и среќни не само што тлее, туку татни. Татни затоа што покрај сите неправди и беспаќа секогаш го одбиравме потешкиот, но вистинскиот пат. А, ВМРО е чуварот на оваа земја, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод 29 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ одржана во Македонска Филхармонија.

„Има приказни кои траат долго, и тоа е така затоа што оваа наша приказна има идеологија, цврста арматура во која кодот е ВМРО, а целта на нашето постоење е нашата Македонија. И еве не тука 29 години, потоа по сите премрежја и се она што го минавме особено последните години, ВМРО-ДПМНЕ се крева. И не само што сме на нозе, туку брзо чекориме, трчаме заедно со народот, да ја спасиме нашата земја од пепелта по која што го оставаат. Да изградиме иднина, да го фатиме чекорот со другите од соседството кои не поминаа. Но не само да ги стигнеме, туку нашата битка и нашата верба е да бидеме подобри од нив. Затоа што оваа земја мора по сите порази и сите неразбрани трговци влезени во политиката да почне да победува. А, победата не е нешто недостижно. Потребно е само да се има сон, мотив и чест“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека сега две работи се сигурни: првата е дека СДСМ паѓа, а втората е уште посигурнадека ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе победува.

„Заев е на колена и во сопствената кал, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе ја формира новата Влада со која Македонија ќе оди вистински напред. СДСМ и Зоран Заев е тргната по удолнина од која нема враќање, а ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден станува се посилна, се поорганизирана и свесна дека не чека многу работа за да Македонија да успее. А, победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победа на Македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата