БУГАРСКАТА БОРБА ЗА СЛОБОДА ДОВЕДЕ ДО СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

Прванов: Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија е осудена на пропаст

16.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прванов: Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија е осудена на пропаст

Поранешниот бугарски претседател (2002-2012) Георги Прванов, вели дека за проблемите околу личноста на Гоце Делчев било алармирано уште пред неколку месеци  и оценува дека  Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и с.Македонија е осудена на пропаст.

Прванов вели дека е скептик на работата на комисијата, бидејќи немала јасен мандат. Тој како пример го дава договорот меѓу Грција и северна Македонија, во кој, според него, сè е запишано до секој детал.

Во гостување на Бугарската национална телевизија БНТ, тој побара да се разјасни што значи концептот на „заедничка историја” во договорот меѓу Софија и Скопје.

„Во Скопје мора да признаат дека македонската државност се создала врз вековната сила на бугарската држава. Бугарската борба за слобода доведе до создавање на македонската држава“ вели поранешниот бугарски претседател.

„Ги поддржуваме, се стремевме да бидат членки на ЕУ и НАТО“, рече Прванов. Според него, македонските медиуми повторно се вмешани во агресија кон Бугарија.

Извор: експрес.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата