(Видео) Заев-Бирлајн: Австрија ќе се залага Северна Македонија годинава да отпочне преговори

15.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Заев-Бирлајн: Австрија ќе се залага Северна Македонија годинава да отпочне преговори

Претседателот на Владата, Зоран Заев се сретна со новата федерална Канцеларка на Република Австрија, Бригите Бирлајн.

На средбата канцеларката Бирлајн искажа очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Северна Македонија како членка на Европската Унија, информира владината прес служба. Таа го поздравила последниот позитивен извештај на Европската Комисија за Северна Македонија и како што се наведува, повторила дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Северна Македонија.

Според Бирлајн нема никакви пречки за отпочнување на преговорите со Унијата.

Премиерот Заев и Канцеларката Бирлајн на денешната средба се согласија дека Република Австрија е и еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, што претставува показател и за цврсто воспоставените економски односи помеѓу двете земји.

Првата средба со новата Федерална Канцеларка на Република Австрија, Премиерот Заев ја искористи да ја покани Бирлејн да ја посети Северна Македонија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата