Се огласи Баленсијага по СКАНДАЛОЗНАТА кампања

29.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Баленсијага по СКАНДАЛОЗНАТА кампања

Познатиот бренд Баленсијага им се обрати на своите фанови во врска со контроверзната кампања која ја објавија пред неколку дена.

Тие ја презедоа целосната одговорност за кампањата која ја згрози јавноста. Пред неколку дена Баленсијага објави серија фотографии на Инстаграм на кои се гледаат деца со секс играчки и алкохол.

Иако веднаш ги избришаа фотографиите, тие брзо станаа вирални на социјалните мрежи и брендот беше цел на негативни коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balenciaga 🕊 (@balenciaga)

Откако добија бројни критики поврзани со кампањата, тие се обратија до јавноста со соопштение во кое им се извинија на сите.

– Најостро го осудуваме насилството врз децата, никогаш не ни било намера да го вклучиме во нашата приказна. Баленсијага ја презема целосната одговорност. Чанти со плишани мечиња и колекција подароци не требаше да се поврзуваат со деца. Ова беше лош избор од наша страна, во комбинација со неуспехот да ги оцениме и потврдиме фотографиите. За тоа е одговорен само Баленсијага – стои во соопштението.


Тие напишаа и дека се води истрага за да се утврди кој точно е одговорен за целата ситуација.

За се проговори и реалити ѕвездата Ким Кардашијан (42) која веќе некое време работи со Баленсијага. И таа деновиве беше мета на негативни коментари бидејќи извесно време не се огласи за ова, но реши да го прекине молкот.

24sata

„Што се однесува до мојата иднина со Баленсијага, моментално го преиспитувам мојот однос со брендот врз основа на нивната подготвеност да ја прифатат одговорноста за нешто што никогаш не требало да се случи – и активностите што очекувам да ги преземат за да ги заштитат децата“, напиша Ким непосредно пред официјални изјави за брендот.
 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата