Скопје денеска „СЛОБОДНО“ – Автобуските блокади тргнати за германскиот претседател Штајнмајер

29.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопје денеска „СЛОБОДНО“ – Автобуските блокади тргнати за германскиот претседател Штајнмајер

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, од денеска па до 1 декември ќе престојува во официјална посета на Македонија. Тој за прв пат ја посетува нашата земја.

Фокусот на посетата е ситуацијата во регионот, влијанието на војната во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.
Според агендата, планирани се политички разговори на 29 и 30 ноември со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а предвидено е Штајнмајер да се обрати и во Собранието.

Истовремено приватните автобуски превозници синоќа привремено ја прекинаа блокадата кај крстосницата пред Мавровка во главниот град поради пристигнувањето на германскиот претседател во Скопје.

„Со оглед на информацијата од МВР дека утре доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот, ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да ги отежнат безбедносните протоколи – да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку дотогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП, на улица ќе излезат повторно во петок“, изјави синоќа Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата