Ѕвезда на серијата „ Squid Game“ е обвинет за сексуално злоставување

28.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѕвезда на серијата „ Squid Game“ е обвинет за сексуално злоставување

Обвинителите во градот Сувон, во околината на Сеул, во петокот објавија дека О, наводно, „непристојно допирал жени“ во 2017 година. Како резултат на тоа, актерот е исфрлен од серијата реклами финансирани од владата на Јужна Кореја и нема да ја игра главната улога во претставата во градот Џеонџу на која работи неколку месеци.

Наводната жртва на актерот поднела тужба во декември минатата година, а предметот бил испратен до обвинителството во февруари годинава. Апликацијата била отфрлена два месеци подоцна, но жената се жалела на одлуката. Обвинителите повторно почнале истрага.

„Јас само ја држев за рака додека одевме околу езерото. Се извинив затоа што рекоа дека нема да прават врева околу тоа, но тоа не значи дека ги признавам обвинувањата“, изјавил О Јеонг-су за корејската телевизија JTBC. Според корејските медиуми, по обвинението сите материјали со актерот биле отстранети од каналот Јутјуб и официјалните веб-страници на јужнокорејската влада.

О Јеонг-су почнал да глуми во театарот во 60-тите години на минатиот век, а досега, како што вели, има играно во преку 200 претстави. Подоцна почнал да глуми во филм и телевизија. Неговата улога во серијата Squid Game му донесе светска слава, каде што го игра старецот О Ил-нама, сосема неочекуван играч во морничавата и смртоносна игра.

Улогата му ја донесе првата јужнокорејска награда Златен глобус за извонредна споредна улога во серија, минисерија или ТВ-филм, како и номинација за Primetime Emmy за извонредна споредна машка улога во драмска серија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата