Воз прегази пешак кај железничкиот мост на Маркова Река

28.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Воз прегази пешак кај железничкиот мост на Маркова Река

Вчера во 16.25 часот било пријавено дека на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река, патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во пешак – машко лице, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во несреќата лицето починало на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатот е дадено во Институтот за судска медицина за обукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице“, наведено е во полицискиот билтен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата