Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 321

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 321

Сухарјанто, шеф на Националната служба за управување со кризи, рече дека најмалку 11 лица се уште се водат како исчезнати. Земјотресот оштети повеќе од 62.000 куќи, поради што повеќе од 73.000 граѓани беа преместени во 325 прифатилишта низ целиот регион.

„Хуманитарните работници постепено допираат до погодените граѓани во оддалечените села со логистика и прехранбени производи и им подигнуваат шатори“, додаде Сухарјанто. Службата што ја следи сеизмолошката активност соопшти дека главниот земјотрес во понеделникот бил проследен со 284 последователни потреси, кои постепено се намалувале во интензитет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата