По многу зими и лета, ЦРН ПАНТЕР НИЗ ВОЈВОДИНА СЕ ШЕТА: Денеска тигна до Врбас? (ВИДЕО)

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По многу зими и лета, ЦРН ПАНТЕР НИЗ ВОЈВОДИНА СЕ ШЕТА: Денеска тигна до Врбас? (ВИДЕО)

Се уште нема потврда за автентичноста на ова видео

На социјалните мрежи кружи уште едно видео на кое се гледа црн пантер, кој сеуште наводно се бара во Србија. Овој пат, како што коментираат корисниците на социјалните мрежи, животното било забележано во Врбас, кој се наоѓа на само 12 километри од Фекетиќ, каде, според мештаните, било видено вчера.

Шефот на Покраинскиот инспекторат Немања Ивановиќ по добивањето на новата снимка за Телеграф.рс и објасни дека на терен бил испратен ловочувар.

На новото видео (наводно снимено во околината на Врбас) се гледа како црното животно полека го преминува насипот, за разлика од претходното видео на кое бега.

Што се однесува до новото видео, сеуште нема потврда за неговата автентичност.

Црниот пантер повторно виден во Србија? (ФОТО+ВИДЕО)

Да потсетиме, црниот пантер наводно првпат бил виден во непосредна близина на Бања Јунаковиќ. Планот е, откако ќе се најде пантерот, да се заспие и да се имобилизира во зоолошката градина Палиќ.

Прекината потрагата по црниот пантер: „Или не постои или избегал, можеби во Хрватска“

Фото: принтскрин

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата