„ДОКТОР ДЕЈАН“ измамил десетици скопски угостители: СЕ ГОШТЕВАЛ НА ТУЃА СМЕТКА

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„ДОКТОР ДЕЈАН“ измамил десетици скопски угостители: СЕ ГОШТЕВАЛ НА ТУЃА СМЕТКА

Дејан, доктор Дејан, Дејан Николовски. Ова се некои од идентитетите на измамникот кој крадел од десетици угостители во Скопје. Закажувал лажни прослави, нарачувал скапи пијалаци и го снемувало. Овие случаи се само дел од оние за кои објави „А1он“, а се случувале изминатиот период. Засега мистериозниот човек, за кои угостители сведочат дека звучел сериозно, како зрел маж, а барал услуги за примамлив број на луѓе, има разработена шема како освен да ги измами со лажни прослави, од нив да изнуди и пари.

Последниот од настаните се случил вчера. Лицето кое се претставило како доктор Дејан Николовски, се јавил во еден кетеринг сервис во Скопје. Нарачал услуга за 90 лица, за кои кажал дека треба да гледаат фудбал во кругот на Марков Манастир. Му било побарано однапред да плати за услугата преку уплата на сметка, а измамникот кажал дека е сабота и поради фактот што банките се затворени, не може да го направи тоа и сакал да плати во готово. Тоа му било овозможено. И тука почнала сагата со нарачката на пијалаци и тоа скапи шишиња шампањ, пишува А1он.

„На 26.11.2022 во 18:30 часот во Полициската станица Аеродром 33-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот на телефон му се јавило лице кое се претставило дека се вика Д.Н. и му побарал да му донесе 10 шишиња шампањ на место лоцирано до Марков манастир. Околу 12:25 часот повторно му се јавило лицето и му рекло дека ако одел кон населбата Аеродром да се сретне со друго лице кое било задолжено околу украсување на просторот и да му даде 11.500 денари. Потоа околу 13:30 часот на бул. „Јане Сандански“ пријавителот се сретнал со лицето на кое требало да му ги даде парите и откако се сретнале, му ги дал парите, по што си заминал. Пријавителот ги подготвил 10-те нарачани шишиња со шампањ и се упатил кон Марков манастир, каде во близина на местото му ѕвонел на телефон на Д.Н. за да му појасни каде точно да ја однесе нарачката, но на лицето му бил исклучен телефонот. Исто така заѕвонил и на телефонскиот број на лицето на кое му дал 11.500 денари за украсување, но и неговиот телефон бил исклучен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „А1он“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата