(ВИДЕО) Носев мачни одлуки за идните генерации, кажа Ковачевски на ручекот со студентите во „Гоце Делчев“

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Носев мачни одлуки за идните генерации, кажа Ковачевски на ручекот со студентите во „Гоце Делчев“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги посети студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Тој при посетата ручаше заедно со студентите.

Ковачевски објави видео на Фејсбук со кое порача дека студентите се иднината на државата и нема да бидат оставени сами.

-Студентите се иднината на оваа држава.Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив. Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард, стои во објавата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата