Сопственик на „Ла Страда“: Алиоски и неговите луѓе БЕА ЗАМОЛЕНИ ДА СМЕНАТ МАСА, НЕ БЕА ИЗБРКАНИ

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопственик на „Ла Страда“: Алиоски и неговите луѓе БЕА ЗАМОЛЕНИ ДА СМЕНАТ МАСА, НЕ БЕА ИЗБРКАНИ

Оливер Николоски, еден од сопствениците на ресторанот „Ла Страда“ негира дека од неговиот ресторан вчера биле избркани македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, неговите пријатели и неговите родители, поради тоа што зборувале на албански јазик. Николоски ја раскажува другата страна од приказната откако Алиоски го обвини ресторанот преку медиумите, а при тоа настанот го осудија претседателот Стево Пендаровски, како и ФФМ.

„Претходно во текот на денот направивме резервација на неколку маси за група моторџии од Кавадарци кои наминуваат во нашиот објект штом ги носи патот во Прилеп. На една од нив беше седнат и фудбалерот Алиоски со свои луѓе. Им беше речено дека ќе треба да сменат маса, бидејќи на таа што седеа и уште неколку за пола час ќе дојдат најавени гости. Ниту им беше речено да станат веднаш, ниту беа навредени, ниту беа избркани. Но, веројатно поради тешкиот говор и зборување на македонски, дојде до недоразбирање, па укажувањето дека треба да се преместат го сфатија дека треба да заминат. Трипати се извинив, но беше залудно. Ниту како човек ниту како сопственик на објектот не сум имал проблем со националност на гостите“, рече Николоски за Нова ТВ.

Алиоски случајот го пријавил во полиција, па синоќа Николовски ова го кажал и во својот исказ во полициска станица каде посочил дека се работи за недоразбирање.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата