Заедничка седница во Тирана на албанските и косовските пратеници

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заедничка седница во Тирана на албанските и косовските пратеници

Албанија и Косово треба да ја споделат одговорноста за трансформација на државните граници меѓу двете земји во формални, нагласи Линдита Никола, претседателка на албанското собрание, во своето обраќање кон пратениците, на првата заедничка седница на парламентите на Албанија и на Косово што денеска се одржува во Тирана.

Заедничката седница се одржува во пресрет на 28 ноември- одбележувањето на 110- годишнината од независноста на Албанија. „Денес Албанија и Косово се две независни држави. Она што се случи на 28 ноември не беше се што сакаа Албанците, туку камен-темелник на кој ќе се гради иднината“ рече претседателката на собранието на Албанија. Претседателот на собранието на Косово, Глаук Коњуфца пак додаде  „славната војна на нашиот народ го отстрани окупаторот и го отвори патот за прогласување независност, рече Коњуфца и ја обвини Србија дека се обидува да го „дестабилизира и подели Косово“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата