СЕ РАСЧИСТУВА СЛУЧАЈОТ

Тројца пријатели заминале на лов во с. Љуботен, едниот завршил со прострелна рана

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца пријатели заминале на лов во с. Љуботен, едниот завршил со прострелна рана

Доцна синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во село Љуботен, Скопско има повредено лице од огнено оружје, кое со возило било однесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Од полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и било утврдено дека станува збор за М.Љ.(31) од село Љуботен, кој, според првично пријавеното од лицата кои биле со него, Р.А. и М.А., биле заедно на лов во с.Љуботен.

Според пријавеното, повредениот останал сам во викенд куќа и во еден момент, Р.А. и М.А. слушнале истрел од огнено оружје и кога се упатиле кон викенд куќата, го пронашле повредениот во собата со прострелна рана во пределот на стомакот.

Се работи на расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата