Претседателот со најдолг стаж во светот го продолжува своето 43-годишно владеење

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот со најдолг стаж во светот го продолжува своето 43-годишно владеење

Неговиот син и потпретседател на земјата, Теодоро Нгуема Обианг Манге, го овјави тоа на Твитер.

Засега западни медиуми не можат да потврдат дали тоа тврдење е веродостојно. Победата ќе му даде на 80-годишниот Објанг шести мандат на функцијата и ќе го зацврсти неговото место како шеф на држава со најдолг стаж во светот – на власт е 43 години.

„Конечните резултати повторно ни докажаа дека сме во право. Продолжуваме да докажуваме дека сме голема политичка партија“, напиша потпретседателот на Твитер.

Западноафриканската земја со околу 1,5 милиони жители имала само двајца претседатели од стекнувањето независност од Шпанија во 1968 година. Објанг го собори својот вујко Франциско Масиас Нгуема со државен удар во 1979 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата