И Британија го обвини Иран за нападот на танкерите

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Британија го обвини Иран за нападот на танкерите

Велика Британија го обвини Иран и Исламската револуционерна гарда на таа земја за нападите на танкерите во Оманскиот залив, наведувајќи дека ниедна друга држава не може да биде одговорна за тоа.

Шефот на британската дипломатија, Џереми Хант ги осуди нападите, нагласувајќи дека тие ги кршат меѓународните норми и го повика Иран да престане со неговите дестабилизирачки активности.

Претходно и американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападите на танкерите. Тој порача дека доказите, вклучувајќи го и видеото кое денеска го објави американската морнарица, наводно покажуваат дека ирански патролен брод презема неексплодирана мина од трупот на еден од танкерите кој беше цел на нападот. 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата