ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено и наместа со снег

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено и наместа со снег

Слаб снег наместа ќе провејува утре во утринските часови, но во текот на денот, како и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. Нов влажен бран со локални врнежи од дожд, а на планините на запад од снег, се очекува во среда и четврток. Утринските температури ќе се движат од минус 5 до 3 степени, а дневните од 1 до 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 2 степени, а дневната до 7 степени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата