Поголемиот дел од Киев повторно има струја

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поголемиот дел од Киев повторно има струја

Речиси цел Киев повторно има струја четири дена по разорниот напад на градската инфраструктура, објави воената администрација во главниот град на Украина.

Во најголем дел функционира струјата, водата, парното и мобилната телефонија, објавија властите на Телеграм. Завршните работи на електричната мрежа продолжуваат, но можни се локални прекини поради големата потрошувачка.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, кој беше критикуван од претседателот Володимир Зеленски за пребавно враќање на услугите, рече дека работата продолжува со рекордно темпо.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата