Тинејџери излетале со автомобил од патот Битола-Пелистер

27.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџери излетале со автомобил од патот Битола-Пелистер

Осумнаесетгодишник е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 14:10 часот на патот Битола-Пелистер.

-Пред с.Магарево патничко моторно возило “опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(18) од Битола, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Р.(18) од Битола, констатирани во Клиничката болница во Битола, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата