ОВА БОЛИ: Нејмар ја покажа ногата по повредата против Србија, изгледа ПОЛОШО ОД ПРЕТХОДНО

26.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВА БОЛИ: Нејмар ја покажа ногата по повредата против Србија, изгледа ПОЛОШО ОД ПРЕТХОДНО

Бразилскиот репрезентативец Нејмар на Инстаграм објави фотографија од повредениот зглоб, која изгледа уште полошо и поотечено отколку што беше по натпреварот против Србија на кој се повреди.

Поради повредата, Нејмар ќе го нема до крајот на групната фаза на Светското првенство во Катар, а напаѓачот на ПСЖ ќе мора навреме да го залечи зглобот на десната нога за нокаут фазата по стартот на српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ.

Сепак, судејќи по фотографијата, ситуацијата не ветува и големо прашање е како најдобриот бразилски играч ќе биде во нокаут фазата каде сите веќе го гледаат Бразил.

Да потсетиме, Нејмар се повреди во 2014 година во Бразил, кога не можеше да му помогне на својот тим да ја врати долгоочекуваната титула светски првак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 433 (@433)

Во следното коло Бразил игра против Швајцарија, додека Србија има „поправен“ натпревар против Камерун.

Фото: принтскрин инстаграм

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата