ПРЕМИЕРОТ на БиХ доживеал НЕСРЕЌА: Паднал додека планинарел – превентивно хоспитализиран

26.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРЕМИЕРОТ на БиХ доживеал НЕСРЕЌА: Паднал додека планинарел – превентивно хоспитализиран

Актуелниот премиер на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, денеска доживеал несреќа додека планинарел.

Како што потврдија повеќе извори, Новалиќ додека планинарел се лизнал и паднал при што се здобил со телесни повреди.

Изворот вели дека Новалиќ по падот бил примен во болница на превентивно набљудување.

– Висината од која падна не беше голема, па Новалиќ беше само полесно повреден. Се здоби со повреди на десната рака, но во најголем дел не е ништо сериозно – изјавил изворот на порталот Klix.ba.

Од кабинетот на Новалиќ соопштија дека премиерот се чувствува добро.

Фото:  Facebook printscreen/ Fadil H.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата