ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ КАТАР: ПОЧИНА НАВИВАЧ

26.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ КАТАР: ПОЧИНА НАВИВАЧ

Навивач на Велс на 62-годишна возраст починал за време на Светското првенство во Катар од природна смрт, објави „Би-би-си“.

Навивачот Кевин Дејвис во Катар бил заедно со својот син и уште неколку пријатели. Тој починал вчера кога Велс изгуби од Иран во групната фаза. За неговата смрт не се знае многу, а според „Би-би-си“ се работи за природна смрт. Дејвис не бил на трибините во дуелот со Иран.

Велс во Катар има поддршка од голем број навивачите, еуфоријата во оваа земја е голема затоа што ова е прв настап на Велс на еден Мундијал по 1958 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата