“Алчност“: Јункер и Туск ќе добијат отпремнина од половина милион евра

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Алчност“: Јункер и Туск ќе добијат отпремнина од половина милион евра

ЕУ е обвинета за “неприфатлива алчност“ после извештајот за тоа дека Жан-Клод Јункер и Доналд Турск, ќе примат близу половина милион евра по истек на манадатот оваа година.

Како што пишува "Dejli mejl", Туск како претседател на ЕС, ќе прими 323.276 евра како “преодна заработувачка“, а Јункер, актуелен претседател на ЕК, наводно ќе добие 161,621 евра.

Јункер ќе добие помал износ, бидејќи ќе биде пред пензионирање бидејќи ќе наполни 66 години во декември 2020 година.

Се очекува извршители на двете најголеми функции во ЕУ да добиваат 50 отсто од својата месечна заработувачка, која изнесува околу 27.000 евра, во период од две години после заминување од таа функција.

Нивните мандати истечуваат во ноември 2019 година, а стекнуваат право на споменатата исплата од денот кога ќе заминат од таа функција, иако повторно можат да се вработат.

Во тој случај, износот кој ќе го добијат од ЕУ може да биде намален, доколку останатите приходи заедно со отпремнината ја надминат нивната сегашна заработувачка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата