НЕ БИЛО ФОЛИРАЊЕ: Тепачката во Задруга заврши со година дена затвор за Мики

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕ БИЛО ФОЛИРАЊЕ: Тепачката во Задруга заврши со година дена затвор за Мики

Иако на многумина настанот им изгледаше како фолирање, режија за да се крене гледаноста на телевизиското реалити шоу Задруга на ТВ Пинк, насилството кое го видоа гледачите доби законска завршница.

Мирослав Мики Ѓуричиќ (42), кој по инцидентот во реалити шоуто Задруга кога тепаше две учеснички се соочи со пет години затвор, успеа да се спогоди со судот кој значително ја ублажил казната.

- Мики го призна делото и склучи договор со судот за една година домашен затвор и за забрана на пристапување до жртвите. Судот го потврди договорот.

Да Потсетиме, Ѓуричиќ најпрво и удри шлаканицата на Сузана Перовиќ во ноќта помеѓу вторник и среда, а потоа со штака ја удираше Надежда Биљиќ, зада биде веднаш дисквалификуван во "Задруга 2", а потоа однесен во полиција каде даваше изјава четири часа. По сослушувањето тој беше приведен во притвор со траење до 30 дена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата