Уште една СТРАШНА СООБРАЌАЈКА денес! ДИРЕКТЕН СУДАР веднаш по тунелот што води кон границата со Косово

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште една СТРАШНА СООБРАЌАЈКА денес! ДИРЕКТЕН СУДАР веднаш по тунелот што води кон границата со Косово

Пред околу половина час на патот Скопје – Блаце, веднаш по тунелот што води кон границата со Косово, се случи сообраќајна несреќа меѓу два автомобила, пренесува весникот КОХА. Како што се наведува, во несреќата учествувале автомобил „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки и „Рено клио“ со косовски таблички.

До несреќата дошло кога возачот на реното претекнувал колона возила и неможејќи да запре директно удрил во бмв-то што наидувало од спротивниот правец. Како што пренесува Коха, моментално на местото на несреќата има бројни граѓани кои помагаат додека да пристигне полицијата и брзата помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата