Одлука за екстрадирање на Асанж одложена за февруари 2020

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 Одлука за екстрадирање на Асанж одложена за февруари 2020

По целосно сослушување, ќе биде одлучено дали основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе биде екстрадиран во САД, кое ќе биде одржано во февруари следната година.

Одлуката ја донел Вестминистерски судот за прекршоци во Лондон.

Познато е дека американските власти ги обвиниле Асанж за наводен обид во разоткривање на владините шифри како и кршење на закон за шпиунажа, пренесува Ројтерс.

Тој моментално во Лондон отслужува казна во траење од 50 недели поради кршење на услови за кауција, која ја искористил да се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон каде што поминал седум години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата