За екстрадиција на Асанж ќе се расправа во февруари следната година

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За екстрадиција на Асанж ќе се расправа во февруари следната година

Кралскиот суд во Лондон објави дека сослушувањето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, за негова можна екстрадиција ќе се одржи кон крајот на февруари 2020 година.

Британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид, вчера го потпиша барањето за екстрадиција на Асанж во САД.

Џулијан Асанж моментно е во затворот Белмарш во Лондон, каде отслужува казна од 50 недели за прекршување на условите за кауција.

САД го обвинуваат дека го прекршил законот за шпионажа, објавувајќи тајни документи кои содржат имиња на доверливи воени и дипломатски извори.

Во исто време, Асанж е баран и во Шведска, под обвинение за наводно силување. И двете земји бараат негова екстрадиција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата