ОД ДЕНЕСКА: ТВ стории за учесниците на Специјална олимпијада Македонија кои ќе учестуваат на ЛОИ во Абу Даби

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОД ДЕНЕСКА: ТВ стории за учесниците на Специјална олимпијада Македонија кои ќе учестуваат на ЛОИ во Абу Даби

Од денеска, 14 јуни во рамки на утринската програма на Македонската телевизија (МТВ) во рамки на утринската програма на МТВ „Македонија наутро“ ќе бидат емитувани тв-стории за атлетите на Специјална олимпијада Македонија кои се подготвуваат и ќе учестуваат на Летните олимписки игри во Абу Даби.

Проектот е „Заедно до медали“ и во него се следи делегацијата на Специјална олимпијада Македонија пред и по Летните олимписки игри Абу Даби 2019.

Составен е од два дела, обука за социјални медиуми за екипата која патуваше на олимпијада, со цел редовно информирање за успесите кои таму ги постигнуваа и медиумски дел, ТВ стории за трите тима, атлетика, пливање и јунифајд кошарка кои се квалификуваа за игрите.

ТВ сториите „Заедно до медали“ се авторство на волонтерите на Специјална олимпијада Ана Зафирова – новинар, Сашо Доковски – снимател и Радован Петровиќ – монтажер и режисер. Со овие стории нашата јавност ќе има можност детално да ги запознае комплетните тимови кои учестуваа на Олимпијадата, како и потенцијалите, можностите и доживувањата на атлетите на олимписките игри и влијанието кое го имаат од нив.

Реализацијата на „Заедно до медали“ е на здружението Специјална олимпијада Македонија, поддржанo преку проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата