ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Деведесетгодишна БАБА сама патува низ светот и ОБЈАВУВА ФОТОГРАФИИ НА „ИНСТАГРАМ“

13.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Деведесетгодишна БАБА сама патува низ светот и ОБЈАВУВА ФОТОГРАФИИ НА  „ИНСТАГРАМ“

На 90 години патува сама низ светот и се забавува. Елена Михајловна е несомнено пример дека нема ништо невозможно во овој живот, ако некој навистина го сака тоа. Штом се пензионирала, многу размислувала за тоа што да прави со своето слободно време, па пред шест години решила да го прошета светот со нејзиниот ранец.

Досега ги посетила Германија, Турција, Полска, Израел и Чешка и се надева дека ќе продолжи со патувањата. Таа има фотографии од патувањата со камила и мотоцикл, бањи со морска вода, егзотична храна и една од последните авантури, која е најекстремната, кога Елена се осмели да се фрли со падобран.

Туристичкиот агент на Елена во Краснојарск преку публикација во руски медиум изјави дека по седум години работа во туризмот првпат гледа некој на оваа возраст да поседува толку „сила и здравје ” за да патува повеќе од 7.000 километри.

На 83 години почнала да патува низ светот и планирала со парите од пензијата да патува на две дестинации годишно. На своето патување низ Виетнам таа беше толку изненадена што рекла:
„Бев во Мјуи Не. Природата е толку убава, овошјето е толку вкусно и луѓето се пријателски расположени и многу дружељубиви. Иако во хотелот, каде што останав, ниту еден од вработените не зборуваше руски, јас некако успеав да сторам сé”.

Елена не се откажува и сака да патува многу повеќе. Сега планира да оди во Шпанија или Италија. Во тоа време ќе има 90 години и сака да докаже дека возраста е само состојба на умот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата