Ден НЕДЕЛА, место ИНЕКС ОЛГИЦА ОХРИД: ЦО на СДСМ ќе носи одлуки дали ќе оди на предвремени, нов мандатар, или реконструкција

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ден НЕДЕЛА, место ИНЕКС ОЛГИЦА ОХРИД: ЦО на СДСМ ќе носи одлуки дали ќе оди на предвремени, нов мандатар, или реконструкција

ЦО на СДСМ во Хотел Инекс во Охрид в недела ќе носи одлуки дали партијата ќе оди на предвремени избори, ќе има ли нов мандатар, или пак реконструкција што ќе зависи од тоа дали од Берлин ќе стигне истата порака како и од Брисел.

Дел од функционерите, наместо за брзи, се за избори на пролет  до кога земјава ќе биде полноправна членка на НАТО, а дел од реформите и повидливи.

До недела Заев ќе ги избре и новите потпретседатели. Неофцијално враќање на позиции т.е. се споменуваат само за Мухамед Зекири и Оливер Спасовски.

Унапредување во потпретседатели на СДСМ ќе добијат Саша Богдановиќ и Стефан Богоев, актуелни градоначалници на општините Центар и Карпош, објави Вечер.мк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата