ТРАОРНО на Првомајска по трагедијата - Познат идентитетот на едно од загинатите момчиња

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАОРНО на Првомајска по трагедијата - Познат идентитетот на едно од загинатите момчиња

Роднини на починатите момчиња дојдоа на местото каде се случи страшната сообраќајна несреќа кај Пинтија.

Телата на момчињата се сеуште на местото каде се случи несреќата и се чека јавен обвинител да изврши увид, за потоа да се утврди причината за несреќата.

Предмалку пристигнаа и возила на Брзата помош, откако неколку роднини на загинатите изгубиле свест.

Сообраќајката се случи пред два часа. Во нес учествуваа две возила марка Пежо и Голф 5.

Како што дознава Курир еден од загинатите е 20 годишно момче со иницијали С.Ш. од скопското село Батинци.

Извор: курир.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата