Скандал на РТВ ПИНК: Учесник во Задруга претепа две жени пред камерите, па доби моментална дисквалификација и карта во еден правец во полициска станица!

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал на РТВ ПИНК: Учесник во Задруга претепа две жени пред камерите, па доби моментална дисквалификација и карта во еден правец во полициска станица!

Учесникот во реалното шоу Задруга, Мики Ѓуриќ е приведен заради физичко насилство во шоуто кое се случило во раните утрински часови. Мики прво физички ја нападнал својата емотивна партнерка Сузана Перовиќ, а потоа ја претепал и пејачката Надежда Биљиќ, исто така, учесничка во шоуто. Дали ќе добие притвор не е познато, но познато е дека и РТВ Пинк, на чија фреквенција се емитува шоуто, ќе поднесе тужба против Ѓуриќ.

„Мики нападна две учеснички заради тоа веднаш беше дисквалификуван, а врз основа на договорот што го има потпишано со РТВ Пинк ќе следува и тужба против него. Апелираме до надлежните органи - полицијата, судовите и обвинителството да постапат во склад со законот и да го осудат насилникот“, се вели во соопштението од розовата телевизија. 

Погледнете го скандалозното однесување на Мики: 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата