Мета: Ќе се повлечам ако тоа ја реши кризата

11.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мета: Ќе се повлечам ако тоа ја реши кризата

Албанскиот претседател, Илир Мета изјави дека не разбира зошто сакаат да го разрешат но, како што рече, тој е подготвен да се повлече доколку тоа е излез од кризата во земјата.

Според неговите зборови, тој одлуката за одложувањето на локалните избори во Албанија кои беа закажани за 30 јуни ја донел за да избегне ескалирање на тензиите и намалување на шансите за граѓански конфликт, за што имал извезни сознанија како врховен командант.

Мета нагласи дека во моментов не постои можност за одржувањето на избори, но тие ќе се реализираат во рок со што ќе биде испочитуван Уставот во земјата.

„Подготвен сум да донесам важни одлуки кои се во интерес на државата. Ги повикувам партиите да ја разберат неопходноста од дијалогот и изнаоѓањето на решенија“, изјави Мета во денешното обраќање.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата