Бугарската Централна избирачка комисија регистрира 181 лице со бугарско државјанство од Македонија со потврдена изјава дека ќе гласаат на утрешните парламентарни избори во Бугарија.
Од нив 46 ќе го остварат своето избирачко право во Прилеп, 45 во Кавадарци, 42 во Велес, 22 во Струмица, 9 во Амбасадата во Скопје, 8 во Генералниот конзулат во Битола, 7 во Охрид и 2 во Штип.
Од вкупно 50.877 пријавени за гласање во странство, повеќе од половина или 26.019 се од Турција, а повеќе од Македонија се пријавиле и во Албанија, и тоа 245 лица со бугарски пасош.