ЦЕНИТЕ МОРА ДА СЕ НАМАЛАТ: Со 200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Шолц ќе ги спасува Германците

30.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЦЕНИТЕ МОРА ДА СЕ НАМАЛАТ: Со 200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Шолц ќе ги спасува Германците

До 200 милијарди евра ќе бидат наменети за нов „одбранбен штит“ за заштита на потрошувачите и бизнисите од зголемувањето на цените на енергијата, одлучи германската влада.

„Цените мора да се намалат“, рече канцеларот Олаф Шолц на прес-конференција во четвртокот.

Владата ќе направи се за тоа, појасни тој, за да можат пензионерите, семејствата, занаетчиите и индустријата да си ги платат сметките. Истовремено отпаѓа и претходно планираната давачка за гас, јавува ДПА.

Со давачката поскапувањето на бензинот требаше да се пренесе на потрошувачите и фирмите за да се спасат увозниците на енергија. Увозниците мораа да најдат поскапи алтернативи на пазарот и да ги исполнат договорите поради ограничувањата, а потоа и прекинот на испораките од Русија.

„Веќе не ни треба (таксата)“, рече Шолц.

Канцеларот ја опиша планираната државна поддршка во снабдувањето со енергија и ограничувањето на цените на гасот како „двоен бум“. Со тоа тој потсети на своите зборови од пандемиската криза, кога изјави дека благодарение на државната помош ќе излезе од неа со „бум“. Заклучокот е дека цените на енергијата да се намалат брзо и за секого.

Русија, повтори Шолц, ги користи своите енергетски резерви како оружје. Дека гасот од Русија веќе нема да биде достапен е јасно по оштетувањето на гасоводот на Балтичкото Море минатиот викенд, но секако и претходно.

Тој уште еднаш посочи дека Германија продолжува да и помага на Украина.

Шолц зборуваше онлајн на прес-конференцијата на која учествуваа и министрите за економија и финансии, бидејќи минатата недела се зарази со коронавирусот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата