Фон Дер Лајен: Исто како и Македонија, Украина напредува зашто народот ја има Европа во срцатa

30.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фон Дер Лајен: Исто како и Македонија, Украина напредува зашто народот ја има Европа во срцатa

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, во нејзиниот говор на атинскиот форум за демократија ја спореди Украина со Македонија и останатите земји од Западен Балкан велејќи дека постигнуваат напредок затоа што на народите во овие држави Европа им е во срцата.

„Поголемиот дел од напредокот на Украина во ЕУ реформите е постигнат затоа што народот ја има Европа во своите срца и своите умови. Истото важи и за нашите пријатели во Албанија, во Македонија и низ западен Балкан. Важи и за Молдавија и Грузија, кои исто така побараа да се приклучат на нашата унија. Ветерот на промени дува низ нашиот континент“,порача Фон Дер Лајен, пренесува МИА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата