Се огласи ЕСМ: ОШТЕТЕН ДЕЛ ОД КАНАЛОТ на Речки канал

30.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи ЕСМ: ОШТЕТЕН ДЕЛ ОД КАНАЛОТ на Речки канал

На доводот Горна Радика ,поточно Речки канал, како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот, соопштија од ЕСМ.

Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен, велат тие.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата