Детаљ од посмртницата на Елизабета Втора го заинтригира интернетот

30.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Детаљ од посмртницата на Елизабета Втора го заинтригира интернетот

Кралицата почина во замокот Балморал, кој беше нејзина летна резиденција, а посмртниот лист го потпиша нејзината ќерка Ана, кралската принцеза.

Овој документ се шири на социјалните мрежи, а многумина беа заинтригирани од занимањето на Елизабета Втора.

Имено, во името пишува Елизабет Александра Мери, а и нејзиното презиме Виндзор. Во графата за занимање, пак, пишува: „Нејзино височество кралица“.


Твитер е полн со објави на сметка на овој детаљ и многу луѓе не разбираат зошто е наведен како занимање.

„Ова со професијата малку ме насмеа“, пишуваат твитерџиите.

„Сакам да го наведам ова занимање во даночната картичка“, напиша друг.

Некои се шегуваат дека ќе го стават истото занимање на нивниот „LinkedIn“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата